• сабота, 29 јуни 2024

Во Кина уапсени 1.100 луѓе поради перење пари преку криптовалути

Во Кина уапсени 1.100 луѓе поради перење пари преку криптовалути
Пекинг, 10 јуни 2021 (МИА) - Кинеската полиција уапси над 1.100 луѓе под сомнение дека користеле криптовалути за перење на пари собрани од телефонски и интернет измами. Според кинеското Министерство за јавна безбедност до вчера попладне уапсени се членови на повеќе од 170 криминални групи вмешани во употреба на криптовалути за перење на пари. Уапсените на клиентите криминалци им наплаќале провизија од 1,5 до пет проценти од илегалната заработувачка за да ја префрлат во криптовалути. Кинескатра асоцијација за борба против перењето пари соопшти дека е забележан раст на криминалните случаи поврзани со криптовалути. Три кинески индустриски тела минатиот месец забранија плаќање со криптовалути, а Кинескиот државен совет вети дека ќе ја сузбие трговијата со биткоинти. ми/

Остани поврзан