Месец дена притвор за косовскиот Србин обвинет за воени злосторства кој беше уапсен пред два дена
- Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Приштина, 29 јуни 2024 (МИА) – Основниот суд во Приштина му одреди денеска едномесечен притвор на косовскиот Србин Срѓан Лазовиќ, кој е осомничен за сторено кривично дело „Воено злосторство врз цивилното население“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.
Тој беше уапсен од косовската полиција во четвртокот, на 27 јуни, во Лепосавиќ, во северно Косово. иа/ссм/