Од почетокот на инвазијата на Газа оштетени се повеќе од 500 израелски оклопни возила
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други членови на неговиот кабинет наводно примале неделни известувања за статусот на воените залихи бидејќи војната против Хамас во Газа потрошила многу повеќе оружје отколку што очекувала израелската армија.
Тел Авив, 29 јуни 2024 (МИА) - Повеќе од 500 израелски оклопни возила се оштетени во нападите на Израел врз Појасот Газа, објави израелскиот весник Маарив на хебрејски јазик.
Во написот се наведува дека израелската армија воспоставила два логистички центри во Газа за поправка на возилата оштетени во борбите со палестинските групи.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други членови на неговиот кабинет наводно примале неделни известувања за статусот на воените залихи бидејќи војната против Хамас во Газа потрошила многу повеќе оружје отколку што очекувала израелската армија.
Според висок службеник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, како што објави Вашингтон пост, САД обезбедиле 6,5 милијарди долари безбедносна помош за Израел откако започна нападот врз Појасот Газа. Во извештајот се наведува дека само минатиот месец е обезбедена речиси половина од износот. ссм/
фото: ЕПА