• четврток, 21 ноември 2024

Во Киев средба Зеленски - Мецола

Во Киев средба Зеленски - Мецола
Киев, 2 април 2022 (МИА) - Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска пристигна во Киев и се сретна со украинскиот претседател Зеленски. Таа вети дополнителна помош од ЕУ во одбраната на Украина. Мецола на Твитер објави фотографија од средбата со Зеленски и „Храброст, сила, решителност“. Таа им се обрати и на пратениците во Врховната рада, при што посочи дека украинскиот народ е херој. Украинскиот народ е херој. Вие се борите за она во што сите ние веруваме: слобода, демократија, владеење на правото. Без овие вредности, нема ништо. Ни требаат построги санкции, истакна Мецола. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан