• сабота, 06 јули 2024

Во Кавадарци превентивна кампања против употреба на петарди 

Во Кавадарци превентивна кампања против употреба на петарди 

Кавадарци, 25 декември 2023 (МИА) - Превентивна кампања против употреба на петарди, се реализираше денеска во Кавадарци. Ученици, наставници, Дедо Мраз, преставници на кавадаречкиот Црвен крст  и полицијата, упатија пораки против употреба на петарди и пиротехнички средства за време на новогодишните празници.

- Активностите се под мотото, „Петарди не, безбедност пред се. Петардите можат да убијат“, тому поради тоа е оваа кампања против употреба на пиротехнички средства. Со превентивна акција преку едукативни пораки и цртежи, се подигнува свесноста за тоа дека секоја употреба на петарди носи ризик, појасни за МИА, Димитар Каракулев, претседател на Црвениот крст. 

Кавадарчани  ја поздравија оваа кампања, која има за цел заштита од употребата на петарди, со оглед на фактот што бројни луѓе  во светот, страдаат токму поради својата непромисленост. свд/аа/

Фото : Црвен крст Кавадарци 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан