• петок, 26 април 2024

Во Кавадарци награди за литературни творби на тема ,,Жената - вечна инспирација"

Во Кавадарци награди за литературни творби на тема ,,Жената - вечна инспирација

Кавадарци, 17 април 2024 (МИА) - Општинската Комисија за еднакви можности при Совет на Општина Кавадарци, денеска ги додели наградите за најдобрите литературни творби, по претходно јавно објавениот литературен конкурс, за авторски дела на тема „Жената - вечна инспирација". Настанот беше реализиран во Винскиот музеј за регионот „Тиквеш", во Кавадарци. 

- Упатуваме честитки до наградените и сите учесници на конкурсот, кои се еманципатори на силен влијателен медиум - поезијата и оставија белег на едно време, кога интернет технологијата ја гази литературата, рече Марија Камчева, координаторка на Комисијата. 

Таа нагласи дека Комисијата за еднакви можности при Општина Кавадарци,  со оваа активност апелира на почеста употреба на македонскиот јазик и кирилското писмо. 

Камчева најави и други интересни настани во иднина, како и во изминатиот период. 

Директорката на Вински музеј, Весела Честоева нагласи дека оваа културна институција е секогаш отворена за најразлични настани за различни генерации, кои ги промовираат уметноста, историјата, културата и традицијата на овој простор. свд/са/

Фото: Фејсбук на Комисија за еднакви можности 

Остани поврзан