• сабота, 04 мај 2024

Со низа активности во Делчево одбележана Европската недела на имунизација 

Со низа активности во Делчево одбележана Европската недела на имунизација 

Делчево, 26 арил 2024 (МИА) - Со низа активности во Делчево денеска се одбележува Европската недела на имунизација. Кампањата и во Делчево се одбележа од страна на превентивен тим од Здравствениот дом „Гоце Делчев“ под мотото „Заштитуваме генерации - спринт за имунизација“.

Д-р Љупка Стефановска информира дека кампањата е потпомoгната од Министерството за здравство, УСАИД, УНИЦЕФ и Американската асоцијација.

-Во рамки на истата се обезбедени промотивни материјали и брошури во кои поединечно е наведена блолеста која се спречува со помош на вакцинација и е вметнат редовниот календар на имунизација и таканаречениот календар „Catch-up“ за вакцинација за пропуштени дози. Приликата ја користам да се обратам на сите родители ко исе во дилема во однос на вакцинацијата да дојдат во нашиот здравствен дом и да ги добијат сите потребни информации од релевантни и професионални сајтови а не да проверуваат по интернет и дополнително да влегуваат во заблуди, рече Стефановска.

Вакцинацијата како метод, како што додаде, се докажа дека е мошне ефикасна, потенцирајки дека има големи бенефити од самата вакцинација, со чија помош се искоренети некои болести, а некои болести се на самиот праг на искоренување. 

-Самата вакцинација не штити од оние болести за кои нема лек и единствен начин да се заштитиме е да се вакцинираме. Оние вакцини кои се наменети за бактериски причинители, исто така потпомагаат колку што може помалку да се користат антибиотици и да се намали антибиотската резистенција што веќе е на прагот и ни се заканува. Оние вакцини кои се наменети за вирусни инфекции пак штитат од потенцијално заразни болести, но и болести кои предизвикуваат канцер, додаде Стефановска.

Лекарите кои учествуваа во денешната активност апелираат на масовна вакцинација повкувајќи се на пораката на Светската здравствена организација дека вакцинацијата и чистата вода се предуслов за долговечен живот. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан