Во Кавадарци асфалтирање на патот Ресава - Дабниште
- Изминатиот период се вршеше реконструкција на пат што води кон село Дабниште во должина од 3.300 квадратни метри и на површина од 13.400 квадратни метри, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 24 март 2025 (МИА) - Изминатиот период се вршеше реконструкција на пат што води кон село Дабниште во должина од 3.300 квадратни метри и на површина од 13.400 квадратни метри, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Реконструкцијата опфаќаше комплетно вадење на стариот асфалт, поставување на цевасти пропусти, тампонирање и сега комплетно асфалтирање. Станува збор за инвестиција од Влада на Република Македонија во висина од 25.200.000,00 денари со ДДВ. Изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму истакнаа дека локалната самоуправа подеднакво води грижа за развој на урбаните и руралните средини во општината. свд/дма/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев