• петок, 05 декември 2025

ВМРО - ДПМНЕ: Економскиот пустош кој СДС го остави се средува, за прв пат има последователен раст на БДП од 3 или над 3%

ВМРО - ДПМНЕ: Економскиот пустош кој СДС го остави се средува, за прв пат има последователен раст на БДП од 3 или над 3%

Скопје, 10 јуни 2025

 

После долги години на двоцифрена инфлација, таа конечно се зауздува и намалува, а економијата бележи раст.

Откако седум години СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, стопанството конечно застанува на нозе и бележи континуиран раст во три последователни квартали од 3 или над 3% раст на БДП.

СДС може да зборува колку сака, но економските параметри покажуваат дека полека се санира економскиот пустош кои тие го оставија.

Посветената работа на владата, добро проектираните преземени економски мерки и политики вродуваат со плод и СДС може само да гледа и да учи како се работи за доброто и во интерес на државата и граѓаните.

Континуираниот позитивен раст на БДП од 3 или над 3% е добра основа годинава да се постигне проектираниот раст од 3,7%, а инфлацијата да се намали на 2,2%.

Овој раст на економија ќе придонесе за понатамошен одржлив раст на платите и пензиите кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

Од формирањето на владата до сега во неколку наврати беа покачени платите на сите вработени во здравството, образованието, полицијата, армијата, согласно закон порасна и минималната плата, а за пет илјади линеарно се зголемија пензиите на сите пензионери.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан