• понеделник, 23 декември 2024

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници, евакуирани околу 350 лица

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници, евакуирани околу 350 лица
Белград, 20 јуни 2021 (МИА) - Две недели по силните експлозии во фабриката за наменска индустрија „Слобода“ во српскиот град Чачак, синоќа повторно се случнаа детонации од истото место. Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, јави Бета. Евакуирани се околу 350 лица кои живеат во близина на фабриката. Во текот на ноќта беше изгаснат пожарот, по што дел од евакуираните се вратија во своите домови. Според првите податоци, синоќешната детонација предизвикала пожар надвор од фабричкиот круг на две места. Детонацијата ги искрши прозорците во еден погон на фабриката, при што тројца работници се здобиле со исеченици. Ноќта мина без нови детонации и инциденти, а беспилотни летала го надлетуваа кругот на фабриката. јт/  

Остани поврзан