• петок, 22 ноември 2024

Во Европа почна сезоната на пожари, во Шпанија огнот зафати 4.000 хектари шума

Во Европа почна сезоната на пожари, во Шпанија огнот зафати 4.000 хектари шума

Мадрид, 25 март 2023 (МИА) - Првиот голем шумски пожар во Европа годинава е забележан во Шпанија, каде пожарот во провинцијата Кастелон зафати повеќе од 4.000 хектари шума.

Според шпанските медиуми, пожарот се шири во периметар од 40 километри на широк простор кој се протега сè до провинцијата Теруел. Поради ширењето на пожарот, властите беа принудени да евакуираат 1.500 граѓани.

„Околу 500 пожарникари го гаснат пожарот и се обидуваат да го спречат ширењето на огнот. Денеска со работа продолжуваат повеќе од 500 војници и 20 воздухопловци“, соопштија од противпожарната служба во овој дел на Шпанија.

За пожарот зборуваше и министерката за правда и внатрешни работи Габриела Браво, која рече дека пожарот е во критично подрачје.

„Пожарот стигна до делот каде што има многу „гориво“ поради густата шума. Поради оваа причина неопходна е ангажирање на воздухопловните служби во гаснењето. Пожарот доби голема сила“, рече таа.

Таа се осврна и на можните причини за пожарот. - Истражуваме дали причината е човечки фактор, но сè уште немаме јасни заклучоци. Цивилната гарда ја води истрагата, рече таа. ссм/

фото: Шумска противпожарна служба на Шпанија

Остани поврзан