Во Делчево се врши тестирање на опремата во пречистителната станица за вода
- По успешното поврзување на новата филтер-станица за вода за пиење лоцирана во селото Тработивиште со водоснабдителниот систем кон Делчево, од денеска почнува процесот на тестирање на вградената современа опрема во новата филтер-станица.

Делчево, 21 ноември 2023 (МИА) - По успешното поврзување на новата филтер-станица за вода за пиење лоцирана во селото Тработивиште со водоснабдителниот систем кон Делчево, од денеска почнува процесот на тестирање на вградената современа опрема во новата филтер-станица.
Како што информираа од општината, тестирањето се врши со цел да се утврди исправноста и функционалноста на опремата пред нејзиното вклучување во употреба.
-Во исто време е извршено и приклучување на новата водомерна шахта со која ќе се мери протокот на вода кој влегува од новата филтер-станица во системот за водоснабдување кон Делчево, соопштија од општината.
Во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈКП „Брегалница“ го санираа и испусниот вентил на цевководот од селото Тработивиште кон Делчево кај месноста Умин Дол.
Изградбата на пречистителната станица за вода за пиење во Делчево е во рамки на проектот за Подобрување на водоснабдувањето во Делчево, вреден околу девет милиони швајцарски франци и финансиски поддржан од Швајцарската Конфедерација, МЖСПП и Општина Делчево. вс/фф/
Фото: МИА