• четврток, 03 октомври 2024

Во Делчево претставена изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе“ од Родољуб Анастасов 

Во Делчево претставена изложбата „ВИЗИИ – Глава полна со луѓе“ од Родољуб Анастасов 

Делчево, 7 септември 2024 (МИА) - Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево во соработка со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт” и Музеј на град Скопје, пред јавноста во Делчево денес ја претстави изложбата “ВИЗИИ – Глава полна со луѓе” со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов.

Автор и куратор на изложбата е Јасминка Намичева, а за овој изложбен проект, кој е подржан од Министерството за култура на РСМакедонија, подготвен е монографски каталог во кој се презентирани сите 61 цртежи, проследени со критички текст на историчарот на уметност Д-рЉубен Пауновски.

-За ова Пауновски ќе каже дека тоа е рационално осмислен уметнички проект, произлезен од драматични настани и состојби во животот на уметникот што се случиле во 2008 година, кога животните потреси што ги доживеал Анастасов ја промениле неговата животна позиција од сите аспекти и го внеле во еден друг свет, во светот на сеќавањата и контемплациите, истакна Љупчо Петровски, директор на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" кој ја отвори изложбата во фоајето на Спомен дом АСНОМ во Делчево.

Изложбата на Анастасов како што додаде Петровски пред присутните, претставува нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедрил повеќе од 200 портрети, создадени во периодот 2016-2022 година.

Изложбата се организира во рамки на одбележувањето на ,,80 години Слободно Делчево“. вс/ар/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан