• понеделник, 20 мај 2024

Во Делчево почна пријавувањето за учество на манифестацијата ,,Пијанечки денови на сливата"

Во Делчево почна пријавувањето за учество на манифестацијата ,,Пијанечки денови на сливата

Делчево, 21 септември 2023 (МИА) - Традиционалната манифестација  со која се слави пијанечкиот бренд- сливата, оваа година ќе се одржи на 29 септември, информираа на денешната прес - конференција од Општина Делчево.

Во рамки на манифестацијата се предвидува пред летната сцена да се прикаже подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај, но и да се дегустира финалниот производ. 

-На едно место на отворено во Делчево ќе се слави традицијата на печење сливова  ракија, ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи, а на штандовите ќе се изложат традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат и да се дегустираат на лице место. За учесниците се предвидени награди. Во категоријата највесела ракија се предвидени две награди, првата во износ од 8 илајди денари, а втората 6 илјади, додека највкусниот мармалад или слатко ќе се наградат со 3 илјади денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илјади денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд, информираа од Општина Делчево.

Заинтересираните за учество во манифестацијата можат да се пријават во Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ најдоцна до 28 септември. 

-Јавниот повик за учество со повеќе детали за настанот можете да го преземете од веб-страницата на Општина Делчево и фб-страницата на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, додадоа организаторите.

Организатори на манифестацијата се Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево, со финансиска поддршка е од Министерството за култура на РСМ. вс/цр

Фото: Лого - Пијанечки денови на сливата 2023

Остани поврзан