• петок, 16 август 2024

Во Делчево одржана 19-тата Расадничка вечер 2024

Во Делчево одржана 19-тата Расадничка вечер 2024

Делчево, 16 август 2024 (МИА) - Во Делчево синоќа се одржа 19-тата Расадничка вечер. Настанот е во организација на група иселеници од делчевската населба Расадник, а главна ѕвезда на вечерта беше македонскиот поп изведувач Мики Секуловски. Средбата со пауза од неколку години поради здравствената пандемија, започнала да се организира во 2000-та година, успевајќи со тек на времето да стане традиционална.

-Носени од носталгијата сакавме да организираме еден настан кој пред се ќе има за цел повторно да се извидиме меѓусебе, со една голема забава во населбата. На таа идеја ни се приклучи целиот град и како што сами гледате сите се весели, играат и се забавуваат, вели Љупчо Михаилов, еден од организаторите на Расадничка вечер.

Годинава програмата е збогатена со забавен дел со настап на популарниот Мики Секуловски. 

-Освен забавниот дел ги имаме и Сигма Бенд, народот добро се забавува, имаме пијалоци скара и тоа е се што е потребно за една убава вечер за паметење, додава Александар Николовски, иселеник од населбата.

Како и во повеќето места низ Македонија и во оваа населба ,,белата чума" си го направи своето, па така најголем дел од иселениците од овој крај живеат во Италија, Швајцарија, Германија. Дел од нив имаат сопствени бизниси, а дел работат за тамошни фирми. За нив најголема сатисфакција е кога ќе започнат подготовките за средбата, што за нив значи и почеток на плановите за враќање во родниот крај во месец август кога традиционално се одржува средбата. вс/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан