• недела, 22 декември 2024

Демант од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје на Општина Аеродром

Демант од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје на Општина Аеродром

Скопје, 16 август 2024 

Почитувани,

ЈП Паркови и зеленило ги демантира дезинформациите објавени во денешната објава на Општина Аеродром со наслов „ЈП Паркови и зеленило иако се платени од жителите целосно го занемарија јавното зеленило“.

Ве информираме дека ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите, булеварите, собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општината. ЈП Паркови и зеленило редовно и континуирано го одржува зеленилото според усвоената Програма за работа од страна на Советот
на Град Скопје.

Во летниот период каде изминативе денови имавме екстремно високи температури, зеленилото бара посебна грижа. За одржување на тревната површина во добра состојба во текот на летните месеци, покрај редовното косење за да се одржи оптималната висина, полевањето е неминовно. Така, полевањето на зеленилото го вршиме во доцните вечерни часови за да се избегне испарување на водата поради високи
температури во текот на денот, а и поради апелот од ЈП Водовод и канализација за рационално користење на водата во деновите со екстремно високи температури за да не дојде до нестабилност во водоснабдувањето во високите зони. Наводнувањето го вршиме од 23:00ч. до 5:00ч. наутро.

Со почит,

ЈП Паркови и зеленило
Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан