• понеделник, 23 декември 2024

Во Германија приведени десет лица поради шверцување на луѓе од Кина

Во Германија приведени десет лица поради шверцување на луѓе од Кина

Берлин, 17 април 2024 (МИА) – Во денешната рација на полицијата во западниот и јужниот дел на Германија приведени се десет лица осомничени за поврзаност со група за шверцување луѓе од Кина.

Приведените се сомничат дека ги искористиле специјалните германски имиграциски правила да добијат дозволи за престој за околу 350 кинески државјани во замена за стотина илјади евра.

Германскиот весник Билд објави дека неколкумина вработени во имиграциските канцеларии примиле мито.

Рациите беа извршени во сојузните германски покраини Северна Рајна-Вестфалија, Шлезвиг-Холштајн, Хесен, Рајна-Пфалц, Баден-Виртемберг и Баварија, како и во градовите Берлин и Хамбург. Истрагата се фокусираше на Северна Рајна-Вестфалија, каде се приведени десетте осомничени, меѓу кои и двајца адвокати. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан