• вторник, 30 април 2024

Во вторник вонредна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ иранскиот напад врз Израел

Во вторник вонредна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ иранскиот напад врз Израел

Брисел, 14 април 2024 (МИА) – Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел соопшти дека на 16 април ќе се одржи вонреден видео состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ поради синоќешните ирански напади врз Израел.

- Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот, објави Борел на мрежата Икс.

Поради ирански напади врз Израел, за денеска е закажана видеосредба на Г-7, како и вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН.

Светот стравува од ескалација на конфликтот во регионот, каде војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа трае повеќе од шест месеци, со зголемени судири меѓу Хезболах и израелската армија. Иран ги поддржува и Хамас и Хезболах. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан