• сабота, 30 септември 2023

Во Велес се реконструира улицата „Лазо Осмаков“ што води до Центарот за јавно здравје и ООУ „Блаже Конески“

Во Велес се реконструира улицата „Лазо Осмаков“ што води до Центарот за јавно здравје и ООУ „Блаже Конески“

Велес, 7 јуни 2023 (МИА) - Деновиве  интензивно се работи на улицата "Лазо Осмаков" каде во тек е поставување на ивичници. По завршувањето на земјените работи и потребните подготовки, оваа фреквентна улица ќе се асфалтира, информира градоначалникот Марко Колев.

Оваа улица е многу значајна за Велес затоа што преку неа се оди до Центарот за јавно здравје и до ООУ „Блаже Конески“.

-Продолжуваме со подобрување на сообраќајната инфраструктура во Велес и велешко со цел за подобра комуникација на сите жители, најави Колев.ад/

 Фото: Градоначалник на Општина Велес

Остани поврзан