• сабота, 16 ноември 2024

Во Велес отворена изложба на Владимир Георгиевски

Во Велес отворена изложба на Владимир Георгиевски

Велес, 8 мај 2023 (МИА) - Во организација на Народниот музеј од Велес денеска во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на Владимир Георгиевски (1942–2017) којшто е еден од најзначајните македонски уметници. Претставени се 18 дела во различни техники, масло на платно, акварел, пастел, гваж, а кои се дел од големата изложбата-омаж на творештвото на Георгиевски која на крајот на минатата година ја организираше Музеј на град Скопје. Изложбата ја отвори и за неа зборуваше неговата ќерка Фросина Георгиевска. 

- Оваа изложба воедно е една од двете помали коишто ја се преставуваат во градовите во земјава изјави за МИА, Фросина Георгиевска.

- На овие слики се мотивите со кои најчесто беше преокупација на мојот татко: животниот пат на еден човек, неговите страдања неговата верба,мотиви од природата има многу, бидејќи тој природата ја сметаше за свој најголем учител. Како и слики – дела со негови коментари на општеството и времето во кое тој живееше. Со оваа изложба е прикажано тоа што мојот татко го сликаше, го веруваше и живееше, појасни Георгиевска.

Втората помала изложба со дел од опусот на Владимир Георгиевски, а која до денес е во Свети Николе, утре ќе биде отворена во Гевгелија. ад/сх/

Фото: МИА

 

Остани поврзан