• сабота, 11 мај 2024

Во Велес отворена мултимедијална патувачка стрип изложба „Cаn for Balkans“

Во Велес отворена мултимедијална патувачка стрип изложба „Cаn for Balkans“

Велес, 4 март 2023 (МИА) - По презентирањето во Романија, Албанија, Белгија и Србија, синоќа во Ликовниот салон во Велес е отворена мултимедијалната патувачка стрип изложба „Can for Balkans“. Со тоа Велес до 27 март до кога е отворена изложбата, како единствен град во земјава каде е претставена ќе биде и е центар на стрип културата во земјава.

Во Велес вчера на дебати, разговори и промоции на стрип публикации, како и на свеченото отворање присуствуваа голем  стрип  уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори кои го изучуваат стрипот  и љубители и читателска публика  на стрипот од земјава, како и гости од Србија, Романија, Албанија и Белгија. Настанот го  организирана Стрип центар на Македонија-Велес  како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската Унија преку програмата „Креативна Европа“, со поддршка од  Општина Велес и ЛУ Народен музеј - Велес.

На изложбата има 70 стрип автори од Романија, Србија, Албанија и Белгија, БиХ, Украина, Бугарија и Кина, информира за МИА, Томе Трајков од СЦМ-Велес, које и член на жири комисијата на проектот.

Освен на паноа, во специјално во ѕвездички симболите на  ЕУ се поставени и таблети на кои секој посетител може да ги проследи најнови стрипови во рамки на проектот. Интересно е што изложбата е во знак на црвената петокрака а секој крак претставува една земја која е претставена, а  во средината има тунел каде е претставен периодот за време на Николае Чаушеску во Романија и потоа каде се вртат видео бимови со настани и стрипови од тој период.

Изложбата „CAN for Balkans”, како што информира за МИА Трајков, е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”.

На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот.

Изложбата беше отворена во октомври во Брашов Романија, во Тирана во декември, во Брисел за време на новогодишните празници и на почетокот на годината во најважниот светски музеј за стрип во Брисел, а во февруари годинава во Културниот центар во Лесковац, Србија.

Николае Пепене од Брашнов, Романија кој е координатор на изложбата, појасни дека изложбата „Can for Balkans“ е мрежа на стрипови на Балканот, а во изминатите две години преку оваа мрежа успеале да ги направат првите истражувачки проекти за историските стрипови на Балканот и отвориле онлајн платформа.

Го создавале првиот меѓународен повик за оригинални стрипови за Балканот низ историјата и ја создавале најважната патувачка европска изложба посветена на историските стрипови.Тој истакна дека тое е мислењето на медиумите во Србија, Романија и останатите земји, а се надева дека такво ќе биде мислењето и на медиумите во земјава.

-Покажавме дека можеме дека е возможно.Покажавме што значи што е Can или Може Балканот Може, а тоа е креативност, сложување, пријателство, натпреварување, напредок. За овие резултати сакам да се заблагодарам на сите мои колеги со кои работевме заедно, потенцираше координаторот Пепене.

Тој рече дека концептот на оваа изложба е ѕвездата симбол на она што е обележано во сите историски стрипови на Балканот од комунистичкиот период до денес.

-Големата црвената ѕвезда на историјата на стриповите од Балканот во период помеѓу 1989 до 1990 година со синиот Тунел на клишеата и стереотипите од романскиот историски стрип. Малите ѕвезди се историјата од знамето на Европската Унија и тие вклучуваат таблети со новите дела од нашиот проект кои се посветени на историјата на Балканот, сето тоа бидејќи овој проект е финансиран под знамето на ЕУ, потенцира координаторот Пепене.

Пред изложбата во Локалната библиотека „Гоце Делчев   се одржи презентација на македонски историски стрип од Александар Стеванов. Разговор со Бошко Караџов автор на книгата „Естетика на стрипот“, а  имаше и промоција на книгата „Стрип и моќ-Хероите и суперхероите како геололитичка алатка“ која ја публикува италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри.

На крајот имаше и  дебата „Can for Balkans“ Балканот во историјата низ призмата на пропаганда, клишеа и стереотипи во која се вклучија сите учесници и гости. ад/дма/

Фото:МИА

 

Остани поврзан