• четврток, 25 април 2024

Во Велес изложба „Храбриот нов свет“ од Јордан Ѓорчев

Во Велес изложба „Храбриот нов свет“ од Јордан Ѓорчев

Велес, 28 март 2024 (МИА) - Во Ликовниот салон во Велес вечер ќе биде отворена изложбата „Храбриот нов свет“ од авторот Јордан Ѓорчев, организирана од Jоrdan Gore Gallery. Ќе бидат претставени 30 дела акрил на платно, избрани дела  од авторот  од периодот  2023 и 2024 година.

Јордан Ѓорчев роден и живее и твори  во Свети,основач е на  на Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе и Битола, претседател на Управен Одбор на МСУ.

Во неговата биографија пишува дека уште во основно и средно образование ги цртал своите први карикатури и кратки стрипови и ги пишувал своите први песни кои се објавуваат во месниот весник „Мал Борец“, како и првата самостојна изложба на карикатури „Бесилка“ уште во средно училиште.

Во Скопје завршил Правен факлутет, и во студенските денови црта карикатури и илустрации за повеќе македонски дневници.

Во тоа време има освоено и повеќе републички награди за карикатура и литература. По завршувањето на факултетот се вработува во републичката геодетска управа на Општина Свети Николе.

Во слободно време се занимава со сликарство, карикатура и пишува поезија и проза.

Има издадено збирка карикатури во 2007 година насловена „Мојот пат”, а неговите карикатури „Бизнис Борис“ редовно излегуваа во македонските весници. Има напишано и збирки поезија кои се објавени на македонски и руски јазик – „Еден, една, едно“, „Чекори еден ден осамен“ и „Здивот на волшебното огледало“. Има напишано збирка раскази „По 3000-та” кои беа објавувани во повеќе македонски весници.

„Најстариот човек во светот“ е најновиот роман во авторство на проф. д-р Јордан Ѓорчев. Романот бил побликуван секоја недела во „Битолски весник“ во продолженија како фељтон и е преведен и издаден на српски јааик во издание на издавачката куќа „АЛМА“ - Белград. Има вкупно 100 продолженија кои сега може да ги прочитате споени во една книга.

На 21 април 2021 година бил промовиран романот „Господинот М“ во издание на официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета.

Има добиено повеќе значајни награди од кои едната е „GUSI Peace Price 2023“. Фондацијата за награда за мир GUSI е позната по тоа што ги препознава извонредните достигнувања на поединци во различни области, вклучувајќи ги човековите права, мирот, здравството, образованието, културата, политиката…

Досега има организирано повеќе самостојни изложби на карикатури и уметнички дела.ад/са/

Фото: плакат

 

Остани поврзан