• сабота, 21 декември 2024

Во Велес започна реконструкција на улицата „Љубљанска"

Во Велес започна реконструкција на улицата „Љубљанска

Велес, 21 август 2024 (МИА) - Почнаа градежните зафати за реконструкција на коловозот на улица „Љубљанска" над ООУ „Блаже Конески“ во Велес. Во тек е гребење на стариот асфалт, информира градоначалникот Марко Колев.

Тој воедно најави дека согласно временските услови во наредните денови ќе се продолжи со подготвителни активности за асфалтирање на оваа улица во градот.

Како што информира, проектот на оваа улица која води кон и над ООУ „Блаже Конески“ и е многу фрекфентна улица, е во реализација на Општина Велес во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт и врски.

-Продолжуваме со инвестиции во патната инфраструктурa.Една од поголемите и најфрекфентни улици во Велес е подготвена за реконструкција. Во наредниот период ќе отпочнат градежни зафати на дел од улицата "Белградска" (од спој со ул."Киро Ќучук" до спој со ул."Димитрија Чуповски") каде ќе се отстрани стариот и оштетен асфалт и ќе бидат послани два нови асфалтен слој, најави Колев.ад/бт/

Фото: Општина Велес

Остани поврзан