• понеделник, 23 декември 2024

Во Вардар кај Уланци крстот го фати Зоран Илиќ

Во Вардар кај Уланци крстот го фати Зоран Илиќ

Велес,19 јануари 2024(МИА) - По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска Општина Градско, во соработка со свештени лица од Повардарската Епархија организира положување на животворниот Крст во водите на реката Вардар од мостот кај село Уланци.

Најсреќниот меѓу кандидатите кои се пријавија и влегоа во осветените води на Вардар беше Зоран Илиќ.

Тој изјави дека е пресреќен што го фати крстот и на сите православни верници им го честита празникот посакувајќи им здравје и среќа.

Илиќ заедно со крстот од Повардарската Епархија во наредните 30 дена ќе ги посети домовите на православните верници во населените места во Општина Градско.

Тој од Општината Градско и бројни спонзори доби повеќе награди. ад/вг/

Фото: МИА

Остани поврзан