• недела, 22 декември 2024

Во Бразил тврдат дека Меси ја изневерил сопругата со аргентинска новинарка

Во Бразил тврдат дека Меси ја изневерил сопругата со аргентинска новинарка

Бразилија, 26 ноември 2023 (МИА) - Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокузо доживуваат криза во нивната врска, пренесува бразилското издание „Terra“, повикувајќи се на шпански извори.

Изданието тврди дека фудбалерот имал афера со аргентинската новинарка Софија Мартинез, поради што бракот на двојката е на работ на колапс. 

На оваа информација одговори сопругата на поранешниот играч на Барселона, Францеск Фабрегас, Даниела Семаан, која е блиска до семејството Меси. 

- Каква вест е ова? Глупости, каде што нема ништо вистина. Имајте на ум дека шпанските извори на кои се повикува бразилското издание не се именувани, што фрла сомнеж врз оваа информација, напиша сопругата на Фабрегас на социјалните мрежи.

Меси и Рокузо се во врска од 2008 година, а парот се венча во 2017 година. Триесет и шестгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во текот на кариерата играше и за Барселона и ПСЖ. Меси е сопственик на осум Златни топки. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан