• сабота, 27 април 2024

Во битолскиот градски парк отворена Болдер трибина

Во битолскиот градски парк отворена Болдер трибина

Битола, 1 јуни 2023 (МИА) - Во битолскиот градски парк од денеска во функција е ставен ѕид за качување, вештачка карпа Болдер, која ќе се користи за спорт и рекреација на лицата заинтересирани за болдеринг. Според Влатко Деловски, претседател на Спортско-качувачкиот клуб „Вертикал“ од Битола, проектот ќе овозможи развој на нов спорт кој од неодамна е и олимписка дисциплина.

Проектот свечено го отвори генералниот конзул во генералниот конзулат на Република Бугарија со седиште во Битола Николај Димитров, кој истакна дека проектот го посветуваат на младите битолчани.

-Овој спортски објект го посветуваме на децата, на младите од Битола затоа што во овој град има многу млади луѓе на кои им е потребен еден ваков креативен објект. Иницијативата за изградбата на болдер карпата почна пред една година и во соработка со сите институции и здружението „Вертикал“ изграден е објект за минување на слободното време и за разни средби и дружења, посочи генералниот конзул Димитров.

Изградбата на болдер трибината освен Министерството за надворешни работи на Бугарија ја помогна и Општина Битола.

-Ова ново урбано катче ќе овозможи развој на нов спорт за младите кои сакаат непрофесионални, аматерски искачувања на болдер карпа. Објектот е мултуфункционален, разиграна геометриска фигура со спортски дел и културен дел каде ќе се користи амфитеатаралниот дел. Градскиот парк е оплеменет со овој проект, рече градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

За изградба на болдер трибина, вештачка карпа во градскиот парк во Битола беа инвестирани 30.000 евра. мт/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан