• понеделник, 23 декември 2024

Во американската база Рамштајн состанок на Украинската одбранбена контакт група

Во американската база Рамштајн состанок на Украинската одбранбена контакт група

Берлин, 19 март 2024 (МИА) - Министерот за одбранана САД, Лојд Остин претседава со денешниот состанок на сојузниците на Украина, што се одржува во американската воена база Рамштајн во Германија.

Месечниот состанок на Украинската одбранбена контакт група (УДЦГ), познат и како Рамштајн формат, кој го сочинуваат околу 50 земји кои ја поддржуваат Украина, се одржува во услови на зголемена загриженост дека на силите на Киев им снемува муниција и напредно тешко оружје додека тие се борат со Русија на источниот фронт.

Остин е во прва посета во странство откако почна да се лекува од рак на простата.

Секретарот Остин уште еднаш ги повика министрите за одбрана и високите воени функционери од целиот свет да разговараат за кризата во Украина и за различните безбедносни прашања со кои се соочуваат сојузниците и партнерите на Америка, се наведува во соопштението на американските воздухопловни сили.

Со оглед на тоа што пакетот од 60 милијарди долари останува блокиран во Претставничкиот дом, САД на 12 март објавија еднократен пакет воена помош од 300 милиони долари за Украина. Сумата дојде од Пентагон, кој заштеди пари на договори, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Додека Европскиот совет вчера одобри формирањето на Фондот за помош на Украина (УАФ) и издвои 5,4 милијарди долари.

Со фондот, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина да се брани од руската агресивна војна со сè што е потребно и онолку долго колку што е потребно, изјави вчера највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан