• недела, 22 декември 2024

,,Волшебна елка на желби“ - настан на кој се остварија новогодишните желби на 160 дечиња

,,Волшебна елка на желби“  - настан на кој се остварија новогодишните желби на 160 дечиња

Скопје, 28 декемвсри 2023 (МИА) - Новогодишните желби на 160 дечиња без родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства и деца со посебни потреби, денеска им ги остварија хуманите граѓани на настанот ,,Волшебна елка на желби“ кој по петнаесетти пат го организира Црвениот крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall и JУ Меѓуопштински центар за социјална работа.

Настанот е дел од Проектот за грижа и социјализација на деца и млади со посебни потреби и децата во згрижувачки семејства подраж од Комерцијална банка.

Како што известуваат од Црвен крст, децата уште од почетокот на месец декември на посебни лампиони ги закачувале нивните новогодишни желни на големата елка поставена во Ramstore Mall, кои хуманите граѓани ги остварија.

 - Тоа се скромни желби, дали се тоа желби за делови за облека, или пак играчки, школски прибор, ранци, значи навистина скромни, детски, искрени желби. Потоа сите оние хумани граѓани коишто поминаа во трговскиот центар земаа некои од желбите и ги остварија. Меѓутоа не се само граѓаните, туку имаше голема поддршка оваа година од UNDP, од Американ колеџ, од неколку други општествено одговорни фирми и компании чиишто вработени се мобилизираа и ги купија, односно ги остварија новогодишните желби, истакна Александра Валкановска од Црвениот крст на град Скопје.

Покрај подароците, на настанот децата добија и новогодишни пакетчиња од мото клубот „Hells Angels“, а имаа можност да проследат и претстава и да се дружат со Дедо Мраз.

 - Идејата е денеска да биде всушност едно изненадување за дечињата со кое што ќе се остварат нивните желби, ќе ги добијат подароците. Некои од нив ќе бидат врачени лично и од оние кои што ги купиле затоа што е тоа и желба на граѓаните, да им го честитаат лично празникот на дечињата, истакна Валкановска. сан/са/

 

Фото: МИА

 

Остани поврзан