• вторник, 14 мај 2024

Воислав Димовски не доби поддршка за уставен судија од Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Воислав Димовски не доби поддршка за уставен судија од Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Комисија за прашања на изборите и именувањата попладнево не го утврди предлогот Воислав Димовски да биде избран за судија на Уставниот суд. Димовски, доскорешен јавен обвините од Основното јавно обвинителство во Охрид, за уставен судија беше предложен од опозицијата. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков забележа дека се врши крајна партизација на судството и оти изборот на судии не се врши во Собрание, туку тоа е веќе договорена работа. Тој рече дека во салата не се присутни членовите на Комисијата од мнозинството за да се соочат со прашањето кој ги исполнува критериумите за истакнат правник а кој не. - На наши неброени прашања, според кои критериуми беше избрана Татјана Васиќ, а судијата Тодор Витларов, со долгогодишно судско искуство, не беше избран, не добивме одговор. Ние предлагаме кандидати како Воислав Димовски, Витларов, за да бидат контраст на оние кои ги предлага мнозинството. Татјана Васиќ, без судско искуство, била советник во Министерството за здравство, подоцна во Министерството за правда. Додека таа беше советник во Министерството за здравство, многу од законите предложени од тоа Министерство овде беа турнати, рече Лефков. Комисија за прашања на изборите и именувањата расправата за уставните судии треба да ја продолжи в понеделник. ир/дма/

Остани поврзан