• петок, 22 ноември 2024

Водостојот на повеќето реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на ноемврскиот просек

Водостојот на повеќето реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на ноемврскиот просек

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за ноември, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Евидентирано е двојно зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, на Треска кај Македонски Брод, како и на Пчиња кај Катлановска Бања.

Намалување под просекот имаат Црна Река кај Новаци, Брегалница кај Берово и Крива река кај Крива Паланка.

Според УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и во Охридското Езеро е во рамки на просекот за ноември. дма/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан