Водостојот на Охридското Езеро 25 сантиметри под просекот за април
- Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,32 метри надморска височина. Водостојот денеска е 25 сантиметри под просекот за април или 22 сантиметри над дозволениот минумум.

Охрид, 22 април 2025 (МИА) – Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,32 метри надморска височина. Водостојот денеска е 25 сантиметри под просекот за април или 22 сантиметри над дозволениот минумум.
Деновиве регионот беше зафатен од врнежни од дожд, што придонесе за подобрување на водостојот во езерото.
На почетокот на декември минатата година нивото на водата во езерото беше два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри.
Промените во водостојот на езерото најмногу се манифестираат во крајбрежниот појас, што според експертите е најважниот дел од езерскиот еко-систем. аб/сст/
фото/МИА