Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна
- Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува најновиот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“.

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажува најновиот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“.
- Секторот за санитарна контрола во периодот во периодот од 9.10.2023 до 13.10.2023 зема 157 примероци за физичко-хемиска и 157 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува претпријатието. љм/дма/
Фото: ЈП Водовод и Канализација - Скопје