Водата во Скопје безбедна за пиење
- Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 203 примероци од 50 мерни места.

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 203 примероци од 50 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 16-ти до 20 септември 2024 зеде 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/са/
фото МИА архива