• сабота, 27 април 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Со потпишување на Протоколот билатералните прашања станаа услов во преговорите со ЕУ

ВМРО - ДПМНЕ: Со  потпишување на Протоколот билатералните прашања станаа услов во преговорите со ЕУ
Скопје, 18 јули 2022 Од вчера започна асимилацијата на Македонија по бугарски терк, лагите кои со недели ги пласираа Ковачевски, Османи и Маричиќ вчера испливаа на виделина. На лагата и се кратки нозете. Со потпишувањето на вчерашниот Протокол помеѓу Македонија и Бугарија и официјално билатералните прашања помеѓу двете држави станаа услов во преговорите на Македонија со Европската унија. Промена на учебници, промена на историја, непризнавањето на македонскиот јазик и идентитет, како и бришење на културата се предавствата кои ги потпиша вчера Бујар Османи во име на предавникот Димитар Ковачевски. Официјална потврда за овие прашања стаса и од бугарското МНР, каде што јасно и гласно кажа дека за Бугарија која е членка на ЕУ, македонскиот јазик е непризнат. Исто така самиот Османи вчера гласно кажа дека, Бугарија може да го блокира секој чекор во преговорите со ЕУ доколку не се променат учебниците по историја или пак некоја историска личност не е напишана како што бара бугарската страна. Шарена лага е констатацијата на Османи дека за секое прашање ќе има реципроцитет, напротив, Македонија нема никакви барања кон Бугарија во однос на историјата или културата, но Бугарија сака целосна бугаризација на македонскиот народ и неговата историја и идентитет. Македонија со овој Протокол ќе дава, без да добие ништо. Ова значи дека Македонија нема да напредува во преговорите со Европската Унија без бугаризација и асимилација. Целосен дебакл и предавство за македонскиот народ и држава. Единствено кои од овој процес добива се Албанија и Бугарија. Албанија со вистинско започнување на преговорите, а Бугарија со бугаризација и асимилација на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи за блокада на овој процес преку целосно блокирање на уставните измени, како и подобрување и исфрлање на штетните делови од преговарачката рамка и Протоколот. Овие предавства нема да останат не казнети. За велепредавство на својот народ се одговара. А, предавниците од антидржавната СДС ќе одговараат и ќе лежат во затвор. Уа за предавниците, иднина за Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан