Ристовски во Шуто Оризари: Време е Ромите да добијат шанса да се изборат за подобро утре
- Попладнево во Шуто Оризари носителот на листата во ИЕ 2 на Коалицијата ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА, Љупчо Ристовски оствари средби со населението. Во разговор со жителите на оваа општина луѓето ја споделија својата мака но и силната желба за подобар и поквалитетен живот.
Скопје, 27 април 2024
Попладнево во Шуто Оризари носителот на листата во ИЕ 2 на Коалицијата ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА, Љупчо Ристовски оствари средби со населението. Во разговор со жителите на оваа општина луѓето ја споделија својата мака но и силната желба за подобар и поквалитетен живот.
„Коалицијата ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА е одговорот на насушната потреба за промени кај Ромската заедница и во Шуто Оризари. Но, и насекаде низ Македонија. Време е Ромите да добијат шанса за да се изборат за подобро утре , изјави носителот на листата во ИЕ 2 на Коалицијата Храбро за Македонија, Љупчо Ристовски.
На средбата како што беше посочено, и овие семејства заслужуваат да живеат квалитетно и сите во Шуто Оризари заслужуваат да имаат убав и квалитет живот, убаво здравство, убаво образование.
„Гласајте за број 3, во секоја стратегија ќе го имаме и ромското прашање, порача Ристовски.
Политичка партија ИНТЕГРА
___________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива