ВМРО-ДПМНЕ: Тендерите во четири очи се синоним за СДСМ
- Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Скопје, 13 јули 2025
Тендерите во 4 очи се синоним за СДС.
Оние кои државата ја испокрадоа и градат облакодери по Дубаи, се дрзнаа да говорат за тендери.
Целиот мандат им помина во местење на тендери, правење на анекси и класифицирани договори, на Филипче, Заев и Груби.
Модуларната болница се случи поради криминал, трагедијата кај Ласкарци се случи поради корупција, Лотарија ја украдоа поради криминал, коли им купуваат фирми кои добиваат тендери.
И Македонија и Европа знае со какви луѓе си имаа работа. Луѓе кои ја распродадоа државата, ја украдоа и ставија пред банкрот и кои ја клекнаа на колена пред европските држави. Такви се луѓето од СДС и ДУИ. Синоним за криминал и корупција.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива