ВМРО-ДПМНЕ: Незаконската легализација на објекти во Чаир е последен пример за корупцијата и двојните стандарди
- Незаконската легализација на објекти во Чаир е последен пример за корупцијата и двојните стандарди во Република Македонија.
Скопје, 16 ноември 2023
Незаконската легализација на објекти во Чаир е последен пример за корупцијата и двојните стандарди во Република Македонија.
Нов ден, нов корупциски скандал во Македонија, во режија на двоецот во заминување СДС-ДУИ.
Комисијата за локална самоуправа многупати досега алармираше на криминалите, корупцијата и самоволието на централната власт во однос на општините, но и за двојните аршини кои важат за општините каде градоначалниците се од редовите на опозицијата од тие каде градоначалниците се од нивните партии.
Последен од случаите за еклакантни двојни аршини е тој во Општина Чаир, каде секојдневно се дозволува дивеење на урбаната мафија.
Во оваа општина, иако изминативе години се издадени само 8 градежни дозволи, доволно е само да се прошета низ општината и лесно ќе се увиди дека има десетици пати повеќе изградени нови објекти.
За жал, Општина Чаир не е само нем послушник во целата работа, туку е и активен учесник преку кршење на закони, фалсификување на документи и други тешки кривични дела.
Имено, спротивно Законот за постапување со бесправно изградени објекти од 2021 година, каде според член 2, став 2, јасно се вели дека легализацијата е можна само за објектите изградени до тој момент, деновиве во јавноста се појавија информации и докази дека Општина Чаир фалсификува документи и го крши законот преку легализирање на објекти кои се изградени години по носењето на овој закон.
Ако не функционира општинската градежна инспекција, тогаш тука се институциите на централната власт, како што се Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, па и Министерството за транспорт и врски.
За жал, истите со години не реагираат на самоволието на општините кои се од нивната политичка провиненција и нивното време го користат за малтретирање на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ и блокирање на нивната работа на секој можен начин.
Законите мора да важат подеднакво за сите!
Секој кој го прекршил законит ќе одговара!
Одговорност ќе има!
Линк од Фејсбук објава на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.