• понеделник, 13 мај 2024

Владејачката партија Африкански национален конгрес ја повика Јужна Африка да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

Владејачката партија Африкански национален конгрес ја повика Јужна Африка да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

Јоханесбург, 25 април 2023 (МИА) - Владејачката партија Африкански национален конгрес ја повика Јужна Африка, критикувана од почетокот на војната во Украина поради нејзината близина до Москва, да се повлече од Меѓународниот кривичен суд (МКС), изјави претседателот Сирил Рамафоса.

Во март, МКС со седиште во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воено злосторство поврзано со депортација на украински деца. Во август, Преторија се очекува да биде домаќин на самитот на БРИКС, група земји што ги опфаќа Јужна Африка, Бразил, Кина, Индија и Русија. Како член на Меѓународниот кривичен суд, Јужна Африка треба да го уапси претседателот на Русија ако пристигне во државата.

„Владејачката партија одлучи дека е разумно Јужна Африка да се повлече од МКС“, рече Рамафоса на прес-конференција по посетата на финскиот претседател Саули Ниинисто. Во текот на викендот се одржа седница на Африканскиот национален конгрес.

„Се проучува прашањето дали Јужна Африка ќе го уапси рускиот претседател Владимир Путин“, додаде шефот на државата.

Преторија веќе сакаше да се повлече од МКС во 2016 година по посетата на поранешниот судански претседател Омар Башир, против кого судот исто така издаде налог за апсење. Јужна Африка одби да го уапси.

Повлекувањето на земјата од МКС тогаш беше спречено од страна на судството во земјата, кое одлучи дека таквата одлука би била неуставна. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан