• петок, 12 јули 2024

Владата не се откажува од ветингот во правосудството, тврди владиниот портпарол

Владата не се откажува од ветингот во правосудството, тврди владиниот портпарол
Скопје, 25 ноември 2020 (МИА) - Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска изјави дека Владата не се откажува од најавениот ветинг во правосудството. Годинава, почнати се постапки против 83 судии, а како причини се наведуваат застареност  и несоодветно постапување по предмети и слично. На прес-конференцијата во Владата, Арсовски појасни дека државата може да даде само времена рамка за овој процес, а самиот процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. - Државата не може да ја направи филтрацијата. Овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019 до 2020 година само Судскиот совет разреши осум судии, а оваа година се почнати постапки за 83 судии. Причините се застареност на предмети, несоодветно постапување по предмети и слично, рече Арсовски. Признава дека целиот процес малку изгубил на интензитет поради пандемијата бидејќи дел од судиите се заразени или во само изолација поради контакт со заболен. - Како и да е, Владата е се откажува од овој процес и тоа ќе биде остварено, порача Арсовски. Прашан зошто официјалната веб страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е само на албански јазик, владиниот портпарол изјави дека страната е во изработка и оти за многу кусо време ќе биде пуштена во функција и на македонски и на англиски јазик. бак/дма/

Остани поврзан