• четврток, 26 март 2026

Висок ирански претставник: На Израел му претстои долга „мрачна ноќ“

Висок ирански претставник: На Израел му претстои долга „мрачна ноќ“

Техеран, 13 јуни 2025 (МИА) - На Израел му претстои „мрачна ноќ“, изјави неименуван висок ирански претставник за Си-Ен-Ен, откако вечерва двете земји меѓусебно извршија напади.

Според истиот извор, иранските сили веќе собориле неколку израелски летала и неутрализирале „значителен број“ ракети и дронови истрелани од Израел.

- Операциите на вооружените сили на Иран против позициите на ционистичкиот режим ќе продолжат, и овој режим се соочува со мрачна ноќ, изјави претставникот. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан