• недела, 22 декември 2024

Виртуелен ВИ-приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Виртуелен ВИ-приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

Ватикан, 12 ноември 2024 (МИА) - Ватикан понуди услуги со вештачка интелигенција околу базиликата „Свети Петар“, обезбедувајќи виртуелен пристап до нејзините архитектонски богатства од ренесансната ера.

Во соработка со технолошкиот конгломерат „Мајкрософт“ и „Иконем“ - компанија специјализирана за дигитализација на културно-историски знаменитости, Ватикан ја пушти во употреба новата интерактивна страница, којашто е дигитална разгледница за базиликата. Засега ќе има две ВИ-изложби. Новостите беа претставени вчера, токму навреме за одбележување на Светата година, т.е. Јубилејната 2025 година на Католичката црква, настан којшто се слави секој четвртина век.

- Свети Петар е како ѕвезденото небо во летна ноќ - маѓепсани сте од неговата сјајност!, вели кардиналот Мауро Гамбети, истакнувајќи дека новите алатки ќе нудат искуство налик набљудување со телескоп или од вселенски брод.

Базиликата дневно ја посетуваат 40.000 до 50.000 луѓе.  си/

Фото: „Јутјуб“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан