• четврток, 16 мај 2024

Винисиус во Реал до 2027. за повисока плата

Винисиус во Реал до 2027. за повисока плата

Мадрид, 31 октомври 2023 (МИА) – Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор го продолжи договорот со Реал Мадрид до лето 2027 година, објави вечерва Кралскиот клуб.

-Реал и Вини постигнаа договор кој играчот го врзува со клубот до 30 јуни 2027 година, се наведува во соопштението на мадридскиот клуб.

Новиот договор вклучува и значително зголемување на платата на Винисиус, кој дојде во Реал во јули 2018 година од бразилски Фламенго.

Продолжувањето на соработката меѓу двете страни беше очекуван потег, бидејќи бразилскиот репрезентативец се етаблираше изминатите години во еден од најдобрите светски напаѓачи. ег/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан