• недела, 22 декември 2024

Вилдерс објави дека е постигнат договор за коалициска влада во Холандија

Вилдерс објави дека е постигнат договор за коалициска влада во Холандија

Амстердам, 16 мај 2024 (МИА) - Холандскиот политичар Герт Вилдерс синоќа објави дека е постигнат договор за формирање на десничарска коалициска влада речиси шест месеци по изборната победа на неговата партија, но и дека тој нема да биде премиер.

„Имаме договор меѓу преговарачите“, рече Вилдерс, кој уште во март се откажа од намерата да биде премиер, наведувајќи ги наводите дека е „исламофоб и противник на ЕУ“.

Договорот е постигнат меѓу четири партии - Партијата за слобода (ПВВ) на Герт Вилдерс, про-земјоделската партија БББ, либералната партија ВВД и новата партија против корупцијата НСЦ.

Се уште не е познато кој ќе ја предводи десничарската владејачка коалиција која ќе го замени Марк Руте. Руте е кандидат за функцијата генерален секретар на НАТО. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан