• вторник, 23 јули 2024

Викендов ќе се одржат аудициите за фестивалот „Весело штурче“ во Штип

Викендов ќе се одржат аудициите за фестивалот „Весело штурче“ во Штип

Штип, 4 март 2024 (МИА) - Над 134 композиции и над 80 учесници се пријавени за овогодинешното издание на фестивалот за деца „Весело штурче“. Директорот на фестивалот „Весело штурче“, Филип Стевановски денеска изјави дека од пристигнатите комозиции и учесници треба да се изберат 22 песнички, за соло изведувачи, дует или пак можеби и трио. Тој е задоволен од бројот на пријавени композиции и учесници.

-Осумдесет и еден учесник и 134 композиции. Тоа за нас е добра бројка и за учесници, но за нас е среќа што имаме толку голем број на автори. Тоа значи дека правиме стимулација на нашите домашни автори да се пријавуваат и тоа е одлично што имаме толку голем број на песни и ќе имаме доста голема работа да ги бираме песни и учесниците, рече Стевановски.

Тој најави дека аудициите се закажани за овој викенд во Дом на млади. Секое дете ќе добие известување во колку часот е неговиот термин.

-Аудициите се овој викенд, сабота и недела на 9 и 10 март во Дом на млади. Секој учесник кој е пријавен ќе добие известување во колку часот му е терминот. Секој учесник задолжително мора да пее песничка од „Весело штурче“. Тоа се условите, вели Стевановски.

Оваа година вестивалот „Весело штурче“ одбележува јубилеј 30 години постоење и за таа цел се предвидени низа изненадувања. Традиционално и оваа година, фестивалот ќе се одржи во втората половина на месец септември. вдј/

Фото: МИА

Остани поврзан