• сабота, 27 јули 2024

На подрачјето на Куманово викендот изречени 120 санкции, 60 за брзо возење

На подрачјето на Куманово викендот изречени 120 санкции, 60 за брзо возење

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 120 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број санкционирани возачи, 60 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции се за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 за управување возило без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан