• понеделник, 13 мај 2024

Верстапен покажа кој е шампион и ги освои квалификациите во Бахреин

Верстапен покажа кој е шампион и ги освои квалификациите во Бахреин

Сахир, 1 март 2024 (МИА) - Макс Верстапен ги потсети сите дека е светски шампион во Формула 1 со победата на првата квалификациска сесија за сезоната 2024, давајќи му право да стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Бахреин.

Трикратниот светски шампион го обезбеди првото место на гридот со време од 1:29.179, со што го победи Шарл Леклер од Ферари за 0.228 секунди. Трет на гридот утре ќе биде Џорџ Расел, кој заврши 0,306 зад Верстапен.

Друштво на возачот на Мерцедес во вториот ред ќе му прави тимскиот колега на Лекле, Карлос Саинц, кој беше точно една десетинка побавен од пилотот од Монако. Зад Расел и Саинц во третиот ред ќе бидат Серхио Перез и Фернандо Алонсо.

Разочарувањето во квалификациите секако беше Луис Хамилтон, кој заврши само деветти и ќе го дели петтиот ред со Нико Хулкенберг од Хас. Пред двајцата во четвртиот ред ќе се наредат тимските колеги од Мекларен - Ландо Норис и Оскар Пјастри. дс

Фото: Формула 1

Остани поврзан