• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Венс: Соработката меѓу САД и Индија може да биде победничка за двете земји

Венс: Соработката меѓу САД и Индија може да биде победничка за двете земји

Џајпур, 22 април 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп сака и САД и Индија да растат и соодветно на тоа да можат да работат заедно во областите како што се трговијата, одбраната и енергијата за победничка соработка за двете земји, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за време на неговата посета на градот Џајпур, во северозападната индиска држава Раџастан.

Венс, кој е во четиридневна посета на Индија, вчера имаше средба со индискиот премиер Нарендра Моди во главниот град Делхи.

Неговата посета доаѓа во време кога Индија брза да склучи трговски договор со САД, нивниот најголем трговски партнер, пред истекот на рокот од 90 дена за најавените зголемени царини на администрацијата на Трамп за увезената стока.

Американскиот претседател најави пауза во воведувањето нови царини на 9 април. паг/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан