• петок, 05 декември 2025

Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

Скопје, 6 април 2025 (МИА) - Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски рече дека од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови.

-За Филипче гласале 18.001 избирачи, додека неважечки ливчиња имало 139, изјави Георгиевски. бт/нд/

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан