• петок, 05 декември 2025

Велосипеди, тротинети и отпад извлечени од морето во Солун

Велосипеди, тротинети и отпад извлечени од морето во Солун

Атина, 2 јуни 2025 (МИА) – Велосипеди, тротинети, отпад, но и еден мотор биле извлечени од дното на Солунскиот залив, односно од морето кај Солун во делот меѓу Белата кула и концертната сала, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општина Солун преку социјалните мрежи информира за акцијата за чистење на морското дно, спроведена од волонтери нуркачи и паралелно објавија фотографии од она што било пронајдено: три велосипеди, 77 тротинети, еден мотор и многу отпад.

-Заштитата на Солунскиот залив не е само одговорност на властите. Тоа е одговорност на сите нас. Да го одржуваме нашиот морски простор чист и гостопримлив за жителите, посетителите и морскиот свет, напишаа од општина Солун. ср/ссм/

Фото: Општина Солун

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан