• сабота, 27 април 2024

Велковски – Гир: ЕУ останува силен поддржувач на државата во заложбите за намалување на невработеноста и унапредување на социјалната и детската заштита 

Велковски – Гир: ЕУ останува силен поддржувач на државата во заложбите за намалување на невработеноста и унапредување на социјалната и детската заштита 

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Европската унија ќе продолжи да обезбедува финансиска и логистичка поддршка за креирање на квалитетни политики и мерки кои ќе ги унапредуваат системите за социјална и детска заштита и ќе ја подобруваат состојбата на пазарот на трудот преку подигнување на вработливоста на граѓаните и намалување на стапката на невработеност, било потврдено на денешната прва средба на министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски со амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир.

На средбата, како што соопшти МТСП, се дискутирало за актуелната состојба во ресорот и планираните активности во периодот што следи.  

-Велковски информираше дека во следните три месеци негов приоритет е подигнување на транспарентноста и ефикасноста на работата на Министерството и на институциите под негова надлежност, со цел граѓаните да можат едноставно и навремено да ги остваруваат сите права кои им следуваат согласно законската регулатива, се вели во соопштението. 

На средбата станало збор и за заедничките активности на МТСП и на Делегацијата на Европската Унија, а амбасадорот Гир изразил уверување дека европските фондови и натаму остануваат отворени за поддршка на проекти и мерки од кои крајниот бенефит е наменет за граѓаните. дма/аа/

Фото: МТСП

Остани поврзан